EТАИ конференции

ЕТАИ 2011 – X Меѓународна конференција

ЕТАИ 2011 е десетта од серијата конференции организирани од Здружението за ЕТАИ на Република Македонија. Претходните ги вклучуваат ЕТАИ ’82, ’85, ’89, ’93, 2000, 2003, 2005, 2007 и 2009. Традиционално, конференцијата се одржува во амбиентот на богатата реткост на природата и културата на Охридското крајбрежје, заштитено од УНЕСКО.

Намената на конференцијата, сообразно со нејзиниот заемно-дисциплинарен карактер, е изучување и експанзија на теориските и апликативните аспекти во електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката. Целта на конференцијата е да обезбеди форум за презентација и дискусија на состојбата и развојните правци на областите што ги покрива ЕТАИ во Република Македонија и пошироко. Се очекува да се развие дискусија за различните концепти, методи и технологии и да се разменат погледи од експерти од различни профили од земјата и странство

Ни претставува особено задоволство да најавиме дека пленарни предавачи на ЕТАИ 2011 ќе бидат:

Кевин Варвик

Професор по кибернетика на Универзитетот на Ридинг, Англија. Повеќе информации за Проф. Кевин Варвик може да пронајдете на неговиот личен веб сајт www.kevinwarwick.com.

LINK SLIKI

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *