Дома

Конференциите на ЕТАИ се конференции организирани од Здружението за ЕТАИ и Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија

Тоа се најголемите меѓународни средби на експерти од научната сфера и деловната заедница во Македонија и регионот во областа на електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката. ЕТАИ 2018 е четиринаесеттата по ред тематска конференција и традиционално се одржува во амбиент на природните убавини и културното наследство на охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО.

Следејќи го интердисциплинарниот карактер на конференциите, главната цел на ЕТАИ 2018 е да ги поврзе научните работници, истражувачите и практичарите да ги презентираат своите активности и да разменат искуства и согледувања за понатамошните перспективи во врска со главните теми на Конференцијата: паметни решенија за урбани средини, интернет на нештата, дигитална економија, заштита на податоци и обработка на големи (масовни) податоци. Нашата намера е да создадеме форум на кој би се презентирале теоретските и практичните искуства пред деловната заедница од јавниот и приватниот сектор и би иницирале подобра и поефикасна соработка на заеднички проекти.

Публикување на избрани трудови во Journal of Applied Science

Избрани трудови ќе бидат бесплатно побликувани во списанието Journal of Applied Science (Acta Polytechnica Hungarica) (ISSN 1785-8860) во согласност си уредувачката политика на списанието.  Ова списание е дел од SCIENCE CITATION INDEX EXPANDED листата.

Публикување на избрани трудови во JEEIT

Други одбрани трудови ќе бидат бесплатно публикувани во списанието  Journal of Electrical Engineering and Information Technologies – JEEIT (ISSN 2545 4250)

Публикување на сите трудови

Сите прифатени трудови ќе бидат публикувани во зборникот на трудови на конференцијата ЕТАИ 2018.

Нашите пленарни предавачи

Дел од ЕТАИ 2018 говорниците

ПРОФ. Д-Р САШО ЏЕРОСКИ Професор на институт Јожеф Стефан
ПРОФ. Д-Р ЈАЕ ХОНГ ЛИ Национален универзитет во Сеул
ПРОФ. Д-Р БРАЈАН БАРСКИ Професор Емеритус на Универзитетот во Калифорнија, Беркли
ПРОФ. Д-Р ЏАНИ ЈУРИЧИЌ Професор на Институтот Јожеф Стефан

Предавање од млад истражувач

 

НЕДА ПЕТРЕСКА

Fraunhofer ESK

Теми на конференцијата

Конференцијата ќе ги покрие и следните теми но нема да се ограничи на:

Multimedia
Signal Processing
Engineering in Medicine and Biology
Instrumentation and Measurements
Consumer Electronics
Circuits and Systems
Embedded Systems
Power Electronics
Semiconductor Devices
Nano-electronics and Nanotechnology
Electromagnetic Compatibility
Antennas and Propagation
Laser and Electrooptics
Optimal Communications
Communication and Information Theory
Wireless and Mobile Communications
Advanced Acces Technologies
NGN, SDN and VNF
Telecommunication Policies and Regulations
Project Management
Internet & IP Technologies
Cyber Security
Modeling and Simulation
Control Systems
Control Theory
System Engineering
Intelligent Systems and Control
Robotics and Automation
Artificial Intelligence
Data Mining and Machine Learning
Big Data and Data Sciences
Databases and Information Systems
Computer Architecture
Reliability of Computer Systems
Distributed Processing
Software Engineering
Cloud Computing
Virtual Environments
Gaming and Entertainment
Eco-informatics
Education
Knowledge and Technology Transfer

Во склоп на конференцијата ќе се одржи ексклузивна сесија за

„Стандардизација и регулатива во Телекомуникации“

Распоред и листа на говорници

Целосната листа на говорници и нивните термини

Котизација

Котизацијата ќе изнесува 95 евра или 5900 денари, а студентската котизација 40 евра или 2500 денари. За да стекнат право на студентска котизација, при регистрацијата студентите треба да приложат копија од индекс (сосе оригиналот за увид) или потврда за студентски статус од нивните факултети.
Котизацијата вклучува: материјали на конференцијата, учество во работата на конференцијата,  коктел за добредојде и свечена вечера.
Kотизацијата е задолжителна за сите учесници на конференцијата.

Заинтересирани да презентирате на ЕТАИ 2018 Стапете во контакт

Организатори

ПРЕТСЕДАТЕЛ

ПРОФ. Д-Р САШО ЏЕРОСКИ 

КО-ПРЕТСЕДАТЕЛ

ПРОФ. Д-Р ДИМИТАР ТАШКОВСКИ

КО-ПРЕТСЕДАТЕЛ

ПРОФ. Д-Р ЗОРАН ИВАНОВСКИ

Организациски одбор

Програмски одбор

Почесен одбор

Нашите Спонзори

Патување и сместување

Локација

ЕТАИ 2018 ќе се одржи во хотел Дрим – Струга, Македонија

Резервации: contact@drim.com.mk

Веб-сајт: www.drim.com.mk

Телефон: +(389) 46 785 800 or +(389) 46 780 460

Авионски превоз

Главниот аеродром во Македонија е во Скопје www.airports.com.mk кој има конекции со аеродромите во Будимпешта, Љубљана, Прага, Виена, Цирих, итн. Охрид има интернационален аеродром кој е 7 км од градскиот центар www.ohrid.com/flights.html, но со редуциран број на летови.

Автобуски превоз

Има автобуски линии од Скопје до Струга www.sas.com.mk секој ден. Автобусите возат од 5 наутро до полноќ, со нерегуларни линии во доцните часови.