За нас

Здружение на ЕТАИ на Република Македонија

Дома/За Нас

Здружението за ЕТАИ на Република Македонија е формирано во февруари 1981 година. Главната цел на здружението е да го стимулира и координира современиот технолошки развој во сите полиња на инженерските науки, да иницира споделување на знаењето за нови технологии и да ги охрабри практичарите за имплементација на новите технологии и решенија.

Првиот претседател на здружението во периодот (…)е проф. д-р Георги Димировски, кој допринесе во развојот на здружението инспирирајќи млади научни работници во нивните работи и напорите науката да ја доближат до практичната реализација. Следниот претседател во периодот од (…) беше проф. д-р Миле Станковски, кој му донесе нов квалитет на здружението развивајќи ја соработката на интернационалните факултети и институции од регионот и Европа. Тој беше наследен од млад ентузијаст, проф. д-р Александар Ристевски, во периодот од (…) кој ја отвори научната конференција кон деловната заедница и изгради успешна соработка помеѓу научните работници и практичарите. Во овој период конференциите на ЕТАИ прераснаа во меѓународни конференции.

Почнувајќи од јануари 2015, претседател на здружението е проф. д-р Мирослав Котевски кој поседува респективно искуство од индустријата и им даде на конференциите на ЕТАИ поголема динамика, ориентирани кон индустриски решенија, поддржувајќи ја соработката помеѓу универзитетите, деловната заедница и јавниот сектор.

Конференциите на ЕТАИ почнаа една година по основањето на здружението, во 1982 година, а последната беше одржана во 2015 година, сите организирани во природната реткост и историското наследство на охридското крајбрежје, заштитено од УНЕСКО. Следејќи го интердисциплинарниот карактер, конференциите ги спојуваат истражувачите и практичарите со цел да ги презентираат и понатаму развијат идеите на најновите технологии од теоретски и практичен аспект во областите на електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката.Конференциите на ЕТАИ се поддржани од голем број ентузијасти и организации. Сакаме да им се заблагодариме на сите кои допринесуваат за успешна реализација на нашите конференции.

Претседател и генерален секретар на здружението

Проф. д-р Мирослав Котевски

Дипл. инг. Пецо Неделковски

Нашите спонзори

Претходни ЕТАИ конференции