Факултетското студентско собрание при факултетот за електротехника и информациски
технологии (ФСС ФЕИТ), за прв пат оваа година ќе организира еднодневен, отворен
настан за промовирање на актуелни технологии и запознавање на студентите со нив,
насловен [email protected].
Концептот на овогодинешното издание на [email protected] е преку низа на предавања
студентите да се запознаат со функционирањето на blockchain технологијата,
криптовалутите, и нивната примена во општеството и техниката. На овој настан ќе имаме
чест да зборуваат предавачи од различни области поврзани со blockchain технологијата и
нејзината примена, имено информациските технологии, правните науки, економските
науки, и математиката. Предавачите кои што ќе нѝ ги презентираат овие теми поврзани со
blockchain технологијата се:
Проф. д-р Соња Геговска Зајкова – Криптографија
Матеј Костоски – Вовед во блокчејн
Проф. д-р Александар Ристески – Криптовалути и дигитални паричници
Проф. д-р Валентин Раковиќ – Примена на блокчејн (Web 3.0, NFT, Dapps)
м-р Ева Јованова – Крипто-регулации и поширока примена на блокчејн технологија
Проф. д-р Кирил Јовановски – Улогата и значењето на криптосредствата во економиите
Настанот е поддржан од ФЕИТ, Инженерската институција на Македонија, Македонската
секција на IEEE и ЕТАИ. [email protected] ќе се одржи во Амфитеатарот на ФЕИТ на
07.05.2022, и ќе трае од 10 до 14 часот. Бидејќи Амфитеатарот на ФЕИТ има ограничен
број на места согласно мерките за пандемијата, [email protected] ќе се одржи хибридно така
што ќе има директна Zoom врска за оние кои што нема да бидат во можност да дојдат
физички на настанот. Доколку сакате да дојдете со физичко присуство, Ве молиме
пополнете формуларот за пријавување подолу. Формуларот ќе е активен сè додека има
слободни места.
Зоом врска: https://feit-ukim-edu-mk.zoom.us/j/98092028481
Линк до формуларот за пријавување: https://forms.gle/zNnsEpUNxecdapem6