Имплементација на европскиот единствен број за итни повици 112
во С. Македонија
– техничко решение, предизвици и придобивки –


Здружението ЕТАИ во соработка со Центарот за управување со кризи на Р.С. Македонија, како носител на проектот, и Факултетот за електротехника и информациски технологии, ФЕИТ, организира полудневен настан (работилница и панел дискусија) во врска со имплементацијата и воведувањето на единствениот европски број за итни повици 112 во С. Македонија.
Целта на настанот е да се опишат и дискутираат техничките аспекти на решението, спецификите и предизвиците за негова имплементација и придобивките за директните корисници и општеството во целина.
Датум: 19.04.2022 (Вторник)
Почеток: 10 h
Локација: Амфитеатар на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)



Агенда на настанот:
10:00 | Отворање на настанот | проф. д-р Марија Календар, Претседател на ЕТАИ |
г-дин Стојанче Ангелов, Директор на ЦУК при Влада на Р.С. Македонија | ||
Г-дин Борислав Несторовски, Директор на ИЦС Инженерски Консалтинг (ICS Consulting Engineering) | ||
10:20 – 11:00 | Преглед на проектот за техничкото решение | Г-дин Gregor Jänin, Консултант за техничкото решение и за имплементацијата на проектот, Г-дин Игорче Каранфиловски, Државен советник за информациски технологии и телекомуникации при ЦУК |
11:00 – 11:20 | Техничко хардверско решение | Г-дин Радосвет Пандиловски Проектен менаџер за имплементација, Компанија ICS |
11:20- 11:40 | Кафе пауза | |
11:40 – 12:10 | Улогата на телеком операторите и АЕК при воведувањето и функционирањето на новиот систем | Г-дин Гоце Ѓурчинов, Менаџер за развој на транспортна мрежа, А1 Македонија г-дин Владимир Ристевски, Раководител на регулатива, А1 Македонија Г-дин Гоце Митевски, Главен комерцијален директор за деловни корисници, АД Македонски Телеком г-дин Борис Арсов, Агенција за електронски комуникации Македонија |
12:10 12:30 | Значење на воведениот единствен број за итни повици во секојдневното работење на директните корисници | Г-дин Јане Стојанов, Началник на Сектор за телекомуникации, Министерство за внатрешни работи Дискусија на директните корисници |
12:30 13:00 | Панел дискусија на вклучените чинители и публиката | |
13:00-13:45 | Коктел |