Дома

Конференциите на ЕТАИ се конференции организирани од Здружението за ЕТАИ и Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија

Тоа се најголемите меѓународни средби на експерти од научната сфера и деловната заедница во Македонија и регионот во областа на електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката. ЕТАИ 2021 е четиринаесеттата по ред тематска конференција и традиционално се одржува во амбиент на природните убавини и културното наследство на охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО.

Следејќи го интердисциплинарниот карактер на конференциите, главната цел на ЕТАИ 2021 е да ги поврзе научните работници, истражувачите и практичарите да ги презентираат своите активности и да разменат искуства и согледувања за понатамошните перспективи во врска со главните теми на Конференцијата: паметни решенија за урбани средини, интернет на нештата, дигитална економија, заштита на податоци и обработка на големи (масовни) податоци. Нашата намера е да создадеме форум на кој би се презентирале теоретските и практичните искуства пред деловната заедница од јавниот и приватниот сектор и би иницирале подобра и поефикасна соработка на заеднички проекти.

ЕТАИ 2021 конференцијата ќе се одржи On-Line

Публикување на избрани трудови во Journal of Applied Science

Избрани трудови ќе бидат бесплатно побликувани во списанието Journal of Applied Science (Acta Polytechnica Hungarica) (ISSN 1785-8860) во согласност си уредувачката политика на списанието.  Ова списание е дел од SCIENCE CITATION INDEX EXPANDED листата.

Публикување на избрани трудови во JEEIT

Други одбрани трудови ќе бидат бесплатно публикувани во списанието  Journal of Electrical Engineering and Information Technologies – JEEIT (ISSN 2545 4250)

Публикување на сите трудови

Сите прифатени трудови ќе бидат публикувани во зборникот на трудови на конференцијата ЕТАИ 2021.

Нашите пленарни предавачи

Дел од ЕТАИ 2021 говорниците

Prof, Ph.D., D.Sc. Janusz Kacprzyk – Head Intelligent Systems Laboratory, Polish Academy of Science

 

 

 

 

 

Prof. Peng Shi, Adelaide University, President of IASCYS (2021-2024)

Prof. Matjaz Gams, Department of Intelligence Systems, Jozef Stefan Institute

 

Предавање од млад истражувач


Dr. Tome Eftimov

Теми на конференцијата

Конференцијата ќе ги покрие и следните теми но нема да се ограничи на:

Multimedia
Signal Processing
Engineering in Medicine and Biology
Instrumentation and Measurements
Consumer Electronics
Circuits and Systems
Embedded Systems
Power Electronics
Semiconductor Devices
Nano-electronics and Nanotechnology
Electromagnetic Compatibility
Antennas and Propagation
Laser and Electrooptics
Optimal Communications
Communication and Information Theory
Wireless and Mobile Communications
Advanced Acces Technologies
NGN, SDN and VNF
Telecommunication Policies and Regulations
Project Management
Internet & IP Technologies
Cyber Security
Modeling and Simulation
Control Systems
Control Theory
System Engineering
Intelligent Systems and Control
Robotics and Automation
Artificial Intelligence
Data Mining and Machine Learning
Big Data and Data Sciences
Databases and Information Systems
Computer Architecture
Reliability of Computer Systems
Distributed Processing
Software Engineering
Cloud Computing
Virtual Environments
Gaming and Entertainment
Eco-informatics
Education
Knowledge and Technology Transfer

Инструкции за презентацијата

1. За секој презентер се доделени вкупно десет (10) минути за неговата усна презентација и дополнителни пет (5) минути за прашања од страна на аудиториумот и одговори на поставените прашања.
2. Сите усни презентации потребно е да се подготват во Microsoft PowerPoint или Adobe PDF формат и по можност да бидат на англиски јазик.
3. Сите простории за презентација се опремени со LCD проектор и компјутер со оперативниот систем Microsoft Window, на кој се инсталирани Microsoft Powerpoint и Adobe Acrobat Reader.
4. Потрбно е секој презентер да ја носи презентацијата на USB уред за складирање на податоци.
5. Секој презентер треба да биде во салата за презентација 10 минути пред почетокот на сесијата и да ја ископира својата презентација на компјутерот.

Распоред и листа на говорници

Целосната листа на говорници и нивните термини

# Автор и тема Време Дата
1 Prof. Ph.D. D.Sc. Janusz Kacprzyk – Human-in-the-loop AI in decision and control systems: the role of linguistic data summaries TBD 23.09.2021
2 Prof. Matjaz Gams – Department of Intelligence Systems, Jozef Stefan Institute TBD 23.09.2021
3 TBD TBD 24.09.2021
4 Dr. Tome Eftimov – Modern approaches for Benchmarking in Evolutionary Computation TBD 24.09.2021
#ТемаМодераториВремеДата

Важни датуми

Краен рок за поднесување на научни трудови трудови: 15.05.2021
Информација за прифаќање на трудовите: 30.06.2021
Поднесување на конечни научни трудови: 15.08.2021

Научните трудови се доставуваат преку следниот линк

Темплејт на македонски јазик за трудовите на ЕТАИ 2021

Заинтересирани да презентирате на ЕТАИ 2021 Стапете во контакт

Организатори

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Никола Љушев, Главен извршен директор на Македоснки Телеком

КО-ПРЕТСЕДАТЕЛ

Пеце Неделковски, ИЦС Консалтинг/Инженерство

КО-ПРЕТСЕДАТЕЛ

Проф. Горан Стојановски

Организациски одбор

Програмски одбор

Почесен одбор

Нашите Спонзори

Патување и сместување

Локација

ЕТАИ 2021 ќе се одржи во хотел Дрим – Струга, Македонија

Резервации: contact@drim.com.mk

Веб-сајт: www.drim.com.mk

Телефон: +(389) 46 785 800 or +(389) 46 780 460

Авионски превоз

Главниот аеродром во Македонија е во Скопје www.airports.com.mk кој има конекции со аеродромите во Будимпешта, Љубљана, Прага, Виена, Цирих, итн. Охрид има интернационален аеродром кој е 7 км од градскиот центар www.ohrid.com/flights.html, но со редуциран број на летови.

Автобуски превоз

Има автобуски линии од Скопје до Струга www.sas.com.mk секој ден. Автобусите возат од 5 наутро до полноќ, со нерегуларни линии во доцните часови.