Здружение ЕТАИ

Здружение ЕТАИ - едно од најстарите инженерски здруженија во Македонија

Здружението ЕТАИ (Здружение за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика) на Република Македонија е основано во февруари 1981 година со главна цел да ги стимулира и координира технолошките трендови во инженерските области, да иницира трансфер на знаење на нови технологии и да ја поттикне неговата практична имплементација. Прв претседател на Здружението беше проф. д-р Георги Димировски, кој придонесе за развојот на друштвото инспирирајќи ги младите научници во нивната работа и напорите да ја доведат науката до практична имплементација. Неуморната работа на проф. Димировски за растот и угледот на Здружението ЕТАИ продолжува и денес во неговата деветта деценија од животот.
 
Следните претседатели на Здружението, проф. Миле Станковски, проф. Александар Ристески и Управниот одбор на Здружението се главно тесно поврзани со Факултетот за електротехника и информациски технологии и со инженерскиот индустриски сектор. Активностите на Здружението во овој период ги отворија научните конференции на ЕТАИ, главниот знак на препознатливост на Здружението, кон деловната заедница и успеаја да развијат успешна меѓусебна соработка помеѓу научниците и практичарите, академијата и индустријата. Конференциите на ЕТАИ еволуираа во високо почитувани меѓународни конференции.

Почнувајќи од јануари 2015 година, претседател на Здружението ЕТАИ беше проф. д-р Мирослав Котевски, кој има дополнително и високо ценето работно искуство во индустријата. Следствено, тој го насочи пристапот на конференциите на ЕТАИ кон подинамични конференции ориентирани кон индустријата, поддржувајќи и создавајќи подобра соработка помеѓу научниците, деловниот домен и јавниот сектор.

Работата ја продолжи следниот претседател, проф. Марија Календар, водејќи го Здружението и конференциите на ЕТАИ низ периодот на СОВИД 19 и тековно низ новите и предизвикувачки времиња на светот по Ковид 19, деловната и економската криза и новите и возбудливи случувања во развојот на технологијата кон вештачката интелигенција, кои секако носат нови предизвици за човештвото во целина.

Конференциите на ЕТАИ започнаа во 1982 година, една година по основањето на Здружението ЕТАИ, а последната се одржа во 2021 година.  Конференциите на ЕТАИ обично се одржуваат во амбиентот на исклучителната природна убавина и културното наследство во областа на Охридското Езеро, заштитена од УНЕСКО. Следејќи го нивниот интердисциплинарен карактер, главната цел на конференциите на ЕТАИ е да ги спојат истражувачите и практичарите за да ги презентираат, дискутираат и понатаму да развијат ставови за актуелната состојба и предизвиците,  и во теоретски и во применети аспекти во областите на електроника, телекомуникации, автоматика и информатика. Клучната намера е да се создаде форум каде што ќе може да се разменуваат теоретски и практични искуства, како и да се дебатира за сите предизвици до најситни детали.

Наши постојани поддржувачи

MOMENTS FROM PAST ETAI CONFERENCES