EТАИ конференции

ЕТАИ 2013 – XI Меѓународна Конференција

ЕТАИ 2011 е единаесетта од серијата конференции организирани од Здружението за ЕТАИ на Република Македонија. Претходните ги вклучуваат ЕТАИ ’82, ’85, ’89, ’93, 2000, 2003, 2005, 2007 и 2009. Традиционално, конференцијата се одржува во амбиентот на богатата реткост на природата и културата на Охридското крајбрежје, заштитено од УНЕСКО.

Намената на конференцијата, сообразно со нејзиниот заемно-дисциплинарен карактер, е изучување и експанзија на теориските и апликативните аспекти во електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката. Целта на конференцијата е да обезбеди форум за презентација и дискусија на состојбата и развојните правци на областите што ги покрива ЕТАИ во Република Македонија и пошироко. Се очекува да се развие дискусија за различните концепти, методи и технологии и да се разменат погледи од експерти од различни профили од земјата и странство

SLIKI LINK

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Лилјана Гавриловска

КОПРЕТСЕДАТЕЛИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Мирослав Котевски, Александар Ристески

ОРГАНИЗАТОР

ЕТАИ – Здружение за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Република Македонија

Пленарни предавачи
Ни претставува особено задоволство да ги најавиме пленарните предавачи на ЕТАИ 2013:

Тркалезни маси

Ни претставува особено задоволство да ги најавиме тркалезните маси на ЕТАИ 2013:

  • 4G во Македонија – Предизвици и можности
    Модератор: Синиша Апостолоски (Агенција за електронски комуникации)
  • Ера на работење во облак – Како да се подготвиме?
    Модератор: Ѓорги Гичев (Артисофт)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *