EТАИ конференции

ЕТАИ 2015 – XII Меѓународна Конференција

ЕТАИ 2015 е дванаесетта од серијата конференции организирани од Здружението за ЕТАИ на Република Македонија. Претходните ги вклучуваат ЕТАИ ’82, ’85, ’89, ’93, 2000, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011 и 2013. Традиционално, конференцијата се одржува во амбиентот на богатата реткост на природата и културата на Охридското крајбрежје, заштитено од УНЕСКО.

Намената на конференцијата, сообразно со нејзиниот заемно-дисциплинарен карактер, е изучување и експанзија на теориските и апликативните аспекти во електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката. Целта на конференцијата е да обезбеди форум за презентација и дискусија на состојбата и развојните правци на областите што ги покрива ЕТАИ во Република Македонија и пошироко. Се очекува да се развие дискусија за различните концепти, методи и технологии и да се разменат погледи од експерти од различни профили од земјата и странство.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Проф. д-р Гоце Арсов

КОПРЕТСЕДАТЕЛИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Мирослав Јовановиќ, проф. д-р Миле Станковски

На следниот линк ќе ја најдете ПРОГРАМАТА на ЕТАИ 2015 конференцијата

Пленарни предавачи
Ни претставува особено задоволство да ги најавиме пленарните предавачи на ЕТАИ 2015:
Тркалезни маси
Ни претставува особено задоволство да ги најавиме тркалезните маси на ЕТАИ 2015:
  1. Тркалезна маса “Entrepreneurship“
    1. Јасмина Поповска, Директор на Фонд за инвестиции и технолошки развој на РМ,
    2. Ирена Чаушевска, Ко-сопстевник и Директор на “New man’s business accelerator”,
    3. Др. Никола Серафимовски, Директор за Продуктен маркетинг на “pureLiFi” од Единбург, В. Британија
  2. Тркалезна маса “Cyber Security”
    1. Марјан Стоилковски (МВР, Биро за Јавна Безбедност),
    2. Мане Пиперeвски, Специјалист за заштита на податоци, сопственик на приватна фирма,
    3. Стевица Јосифовски, Адвокат

ОРГАНИЗАТОР

ЕТАИ – Здружение за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Република Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *