Emerging Trends and Challenges in Cyber Security

Недела 22.9 од 16:30-18:00

Тркалезните маси организирани на конференциите ЕТАИ традиционално поттикнуваат плодни дискусии на актуелни теми. Во време кога  дигитализацијата е меѓу врвните приоритети на економијата и општеството, произлегува потребата за поширока стручна расправа и
за трендовите и предизвиците поврзани со сајбер-безбедноста, како еден од основните предуслови за успешна имплементација и непречено масовно користење на дигиталните услуги. Голем број различни учесници може да дадат свој значаен придонес за побезбеден сајбер-простор, при што меѓу клучните фактори се и меѓусебната соработка и рационалното користење на ресурсите. Се надеваме дека со воведните излагања од експертите со долгогодишно искуство во сајбер-безбедноста, од различни компании и институции, ќе го побудиме вашиот интерес за учество и дискусија на оваа тркалезна маса.

Модератор:

Александар Ристески, Факултет за електротехника и информациски технологии ФЕИТ – Скопје

Панелисти:

Митко Богданоски, Воена академија Генерал Михаило Апостолски – Скопје, Универзитет Гоце Делчев – Штип

Горан Митрески, Кабтел, Скопје

Кирил Бухов, Халк Банка, Скопје

Мане Пиперевски, Пиперевски и партнери, Скопје

Александар Ацев, Консултант за сајбер безебдност

Симон Бојаџиевски, А1 Македонија, Скопје