16-та интернационална конференција ЕТАИ 2024

21-23 септември
Струга, С. Македонија

КОНФЕРЕНЦИИТЕ НА ЕТАИ СЕ КОНФЕРЕНЦИИ ОРГАНИЗИРАНИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЕТАИ И ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Тоа се најголемите меѓународни средби на експерти од научната сфера и деловната заедница во Македонија и регионот во областа на електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката. ЕТАИ 2024 е шеснаесетта по ред тематска конференција и оваа година по неколкугодишна пауза повторно ќе се одржи во традиционалниот амбиент на природните убавини и културното наследство на охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО.

Следејќи го интердисциплинарниот карактер на конференциите, главната цел на ЕТАИ 2024 е да ги поврзе научните работници, истражувачите и практичарите да ги презентираат своите активности и да разменат искуства и согледувања за понатамошните перспективи во врска со главните теми на Конференцијата: интернет на нештата, дигитална економија, заштита на податоци, обработка на големи податоци и секако најактуелната тема во моментов – вештачка интелигенција. Нашата намера е да создадеме форум на кој би се презентирале теоретските и практичните искуства пред деловната заедница од јавниот и приватниот сектор и би иницирале подобра и поефикасна соработка на заеднички проекти.

Овогодинешното шеснаесетто издание на ЕТАИ е посветено и на 70-годишниот јубилеј на проф. Миле Станковски, кој е еден од основачите на друштвото ЕТАИ, долгогодишен член на управниот одбор, поранешен генерален секретар и претседател, и главен организатор на повеќето претходни конференции.

Преку посебна сесија посветена нему и закажана за сабота 21.9. од 16:00 – 17:00, ЕТАИ ќе му оддаде чест и ќе му се заблагодари на проф. Станковски за неговиот неизмерен придонес кон друштвото и конференцијата во текот на целиот негов работен век.

ГЛАВЕН ПОДДРЖУВАЧ

СПОНЗОРИ

ПОСТОЈАНИ ПОДДРЖУВАЧИ

ВАЖНИ ДАТУМИ

Рок за поднесување на трудови: 20.07.2024
Известување за прифаќање: 01.08.2024
Подготвени за печатење: 01.09.2024
Датум на конференцијата: септември 21 – 23, 2024

Трудовите се поднесуваат преку следниот линк

ETAI 2024 English Word paper template
ETAI 2024 English Latex paper template
Должина на трудовите: 4-6 страници

РЕГИСТРАЦИЈА И СМЕСТУВАЊЕ

Котизацијата изнесува:
– 95 евра / 6000 денари – полна регистрација,
– 40 евра / 2500 денари – студентска регистрација (студентите ќе мора да достават доказ дека се студенти),
– 20 евра / 1300 денари – регистрација на придружник.

Уплатата ќе се врши на лице место на конференцијата во кеш или со картичка. Може да се изврши уплата и директно на сметка на ЕТАИ:
Здружение за ЕТАИ Скопје (број на сметка: 300000001187995, депонент: Комерцијална банка).
Потврда за учеството и уплатата се издава на самата конференција. За издавање на фактура за плаќање може да се обратите на [email protected]

За сместување го препорачуваме хотел Дрим каде ќе се одржи конференцијата. 
Веб страница на хотел Дрим

Адреса: Борис Кидриќ 51, 6330 Струга, Северна Македонија

Телефонски броеви: +38972274733; +38946785800

Електронска адреса: [email protected]

Цените во хотел Дрим по ноќевање се:
– 3700 денари за еднокреветна соба со појадок,

– 2480 денари по лице за двокреветна соба со појадок.

Резервациите да се прават по мејл.

ПУБЛИКУВАЊЕ НА ИЗБРАНИ ТРУДОВИ ВО JEEIT

Одбрани трудови ќе бидат бесплатно публикувани во списанието  Journal of Electrical Engineering and Information Technologies – JEEIT (ISSN 2545 4250)

 

ПУБЛИКУВАЊЕ НА СИТЕ ТРУДОВИ

Сите прифатени трудови ќе бидат публикувани во зборникот на трудови на конференцијата ЕТАИ 2024.

 

Нашите пленарни предавачи

Markos_Papageorgiou

Prof, Ph.D., Markos Papageorgiou

Dynamic Systems and Simulation Laboratory
Technical University of Crete
Chania, Crete, Greece 

Lecture: Highlights of Lane-Free Automated Vehicle Traffic with Nudging

Биографија

Апстракт

Prof, Ph.D., Oscar Mayora

Digital Health Laboratory
Fondazione Bruno Kessler
Trento, Trentino, Italy
 
Lecture: “Unlocking the Potential of Digital Therapeutics: Exploring Technologies and Intervention Opportunities”

Биографија

Апстракт

Prof, Ph.D., Fisnik Dalipi

Department of Informatics
Linnaeus University
Sweden

Lecture: “Securing Academic Records: Where Blockchain Meets AI

Биографија

Апстракт

Tomislav_Stankovski

Tomislav Stankovski, PhD

Faculty of Medicine, Ss Cyril and Methodius University, Skopje 1000, North Macedonia
Department of Physics, Lancaster University, Lancaster LA1 4YB, United Kingdom

Lecture: “Theory and inference of coupling functions: Neural delta-alpha coupling in resting state, anaesthesia and sleep”

Биографија

Апстракт

РАСПОРЕД И ЛИСТА НА ГОВОРНИЦИ

Целосната листа на говорници и нивните термини

Теми на конференцијата

Конференцијата ќе ги покрие и следните теми но нема да се ограничи на:

Multimedia
Signal Processing
Engineering in Medicine and Biology
Instrumentation and Measurements
Consumer Electronics
Circuits and Systems
Embedded Systems
Power Electronics
Semiconductor Devices
Nano-electronics and Nanotechnology
Electromagnetic Compatibility
Antennas and Propagation
Laser and Electrooptics
Optimal Communications
Communication and Information Theory
Wireless and Mobile Communications
Advanced Acces Technologies
NGN, SDN and VNF
Telecommunication Policies and Regulations
Project Management
Internet & IP Technologies
Cyber Security
Modeling and Simulation
Control Systems
Control Theory
System Engineering
Intelligent Systems and Control
Robotics and Automation
Artificial Intelligence
Data Mining and Machine Learning
Big Data and Data Sciences
Databases and Information Systems
Computer Architecture
Reliability of Computer Systems
Distributed Processing
Software Engineering
Cloud Computing
Virtual Environments
Gaming and Entertainment
Eco-informatics
Education
Knowledge and Technology Transfer

СПЕЦИЈАЛНА СЕСИЈА

Со задоволство ве информираме дека во рамките на конференцијата ЕТАИ 2021 ќе се организира специјална сесија посветена на електронско здравство (eHealth) и распространето здравство (Pervasive Health). Оваа сесија ќе ги обедини научните трудови во релевантните области на електронско здравство, како што се:
– Наука за податоци во електронско здравство
– Распространето здравство
– Машинско учење во електронско здравство
– Статистички пристап во електронското здравство
– Визуелизација на податоци и статистичка анализа во електронско здравство
Специјалната сесија е подржана од TWINNING проектот WideHealth. Во рамките на специјалната сесија ќе се организира тркалезна маса каде што академијата и индустријата ќе имаат можност за размена на идеи околу идните перспективи и трендови во оваа област.

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

1. За секој презентер се доделени вкупно десет (10) минути за неговата усна презентација и дополнителни пет (5) минути за прашања од страна на аудиториумот и одговори на поставените прашања.
2. Сите усни презентации потребно е да се подготват во Microsoft PowerPoint, Adobe PDF или во друг соодветен формат и по можност да бидат на англиски јазик. Предлог презентација е достапна тука.
3. Презентациите ќе се активираат од компјутерот на презентерот. Од овие причини осигурајте се дека вашиот компјутер ги има инсталирано соодветните програми за презентација (на пр. Microsoft Powerpoint, Adobe Acrobat Reader итн.).
4. Секој презентер треба да биде во својата виртуелна соба 15 минути пред почетокот на сесијата за да ја тестира својата презентација или да добие помош од хостот на сесијата за евентуални други проблеми.

СТРУЧНИ ТРУДОВИ

ЕТАИ 2024 овозможува испраќање на стручни и апликативни трудови од индустријата во вид на проширен абстракт. Рокот за испраќање на стручните трудови е до 15.08.2024 год. Темплејтот за стручните трудови е даден на следниот линк. Испраќањето на стручните трудови се врши на ист начин како и регуларните трудови на конференцијата ЕТАИ2024.

 

Организатори

ПРЕТСЕДАТЕЛ

проф. д-р Миле Станковски, Факултет за електротехника и информациски технологии, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Северна Македонија

КО-ПРЕТСЕДАТЕЛ


м-р Гоце Делов, Искра Системи

Организациски одбор

Програмски одбор

Почесен одбор

МОМЕНТИ ОД МИНАТИ ЕТАИ КОНФЕРЕНЦИИ